Паушалот за исклучените од парно се укинува, но не за сите

На седницата на РКЕ одржана во март годинава беше одлучено дека според новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија од месец април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок. Но, тоа нема да важи за сите подеднакво. Претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски истакна дека дел од исклучените од парно сепак ќе плаќаат паушал. Тоа важи за оние кои имаат станови и се празни, односно никој не живее во нив.
Како што кажа Бислимовски прецизна анализа утврдила дека со тоа што не загреваат тие луѓе влијаат на затоплувањето и затоа ќе мора да плаќаат.
– Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта и имотен лист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.