Пациенти со ковид ќе се примаат на кардиологија и на пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции

Министерството за здравство соопшти дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември”, се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со ковид. Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
Оттаму додаваат дека на Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија ќе продолжи со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.„ Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
Во ГОБ 8 Септември ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни“ се наведува во соопштението.
Исто така, се додава дека во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.