четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пациент починал во рацете на својот син додека чекал пред Онкологија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сведоци тврдат дека историјата на пациентот била изгубена додека чекал во чекалницата на Клиниката за онкологија, а била пронајдена веднаш откако починал, но директорот на клиниката, Игор Стојковски, вели дека нема такви информации и оти целата документација е предадена на семејството.

Пациент денеска починал во рацете на својот син пред Клиниката за онкологија, по неколкучасовно чекање во чекалницата на клиниката.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
Општина Центар: Градинката за инцидентот со шприцот дознала три дена подоцна, но веднаш презела мерки
Есен е, а вашето куче сѐ почесто ги лиже шепите: Воопшто не станува збор за досада, туку за проблем
Државата најави вонредна инспекција на сите депонии во земјата
Според сведоштва на други пациенти за „Слободен печат“, неговата медицинска историја била изгубена, поради што не можел да биде примен. Откако човекот починал, како што велат пациентите, вработените веднаш ја пронашле документацијата.

Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, за „Слободен печат“ потврди дека пациентот починал и изјави дека станува збор за 56-годишен маж со напреднат карцином на мочниот меур во четврта фаза.

— Пациентот се лекуваше повеќе од една година и беше во многу тешка состојба — изјави Стојковски.

Тој нагласи дека нема информации дека медицинската историја на пациентот била изгубена, па пронајдена откако починал, додавајќи дека целата документација за болеста е предадена на семејството.

Извор: Слободен Печат

Поврзани вести