Паштета поради која се оди во затвор: Њујорк го забранува овој деликатес, а еве и зошто

Контроверзниот француски деликатес “foie gras”, паштета направена од црн дроб на гуска или патка, наскоро би можел да биде забранет во Њујорк поради начинот на кој се произведува, односно поради бруталноста врз животните.
Поголемиот број членови на Градскиот совет потпишале согласност за воведување на закони со кои би се стопирала продажбата на оваа луксузна паштета. Тоа значи дека рестораните, супермаркетите и продавниците целосно ќе останат без деликатесот.
Одлуката ја поддржуваат здруженијата за заштита на животните и критичарите кои сметаат дека методите на производство се сурови.
Процесот на производство вклучува насилно хранење на птиците така што во грлото им се набива цевка, товејќи го црниот дроб.

Било кој ресторан кој ќе биде фатен дека го продава овој производ, ќе биде казнет со 1000 долари или дури една година затвор. Компаниите сепак предупредуваат дека забраната би можела да има многу негативни влијанија, дека фармите ќе бидат финансиски оштетени како и дека многу луѓе ќе останат без работа.
Законот го поддржал и градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио откако било договорено дека ќе настапи 3-годишен постапен период во кој на претприемачите ќе им биде овозможено да се прилагодат.


Инаку, овој закон е само дел од актите кои се “animal friendly”, претставени во овој град. Еден од актите се однесува на коњите и забраната тие да работат доколку температурите се над 32 Целзиусови степени. Исто така, во Њујорк е забранета продажба, лов и држење на гулаби.
Оваа паштета е веќе забранета во Чикаго и Калифорнија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.