Пезешкијан: Иран и САД в петок потпишуваат меморандум за разбирање

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес потврди дека Иран и Соединетите Американски Држави ќе потпишат меморандум за разбирање во петок, но не ја прецизираше точната локација на потпишувањето на меморандумот, објави агенцијата Мехр.

– Меморандум за разбирање за прекин на војната меѓу Иран и САД ќе биде потпишан во петок. Меморандумот е извор на гордост не само за нашата земја, туку и за регионот и регионалните сојузнички групи на Иран, рече Пезешкијан.

Како што изјави, доколку сите точки од меморандумот се правилно имплементирани, тие ќе се сметаат за „чесен документ за земјата“.

Тој додаде дека повеќе од 90 проценти од членовите на Врховниот совет за национална безбедност на Иран го поддржале нацрт-меморандумот.

Пронајдете не на следниве мрежи: