Пеколната страна на паничните напади

Софи Меи Лан од Вејкфилд од Велика Британија објавила своја снимка на Јутјуб, раскажувајќи дека преживува панични напади, додека во позадина си играат нејзините деца.
Снимката трае две минути, а таа го снима моментот како се обидува својот паничен напад да го сокрие од семејството.
„Сакав да покажам како всушност изгледаат менталните болести. Имам прекрасно семејство, сопруг полн со љубов, дом и деца, и повотрно боледувам од тешка ментална болест. Некои од вас ќе се чудат како во вакви моменти се сетив да снимам, но сакав да ја покажам вистинската, сурова страна на животот. Оваа снимка имаше терапевтско дејство врз мене, бидејќи луѓето од околината воглавно ме гледаат како успешна и „нормална“ жена. Оваа моја страна никој не ја знае“, раскажува Софи.
„Паничниот напад не можете да го предвидите. Се случува неочекувано, но и кога сум уморна, нервозна или разочарана. Сакам секогаш да бидам тука за моите деца, но понекогаш тоа е ужасно тешко и се чувствувам како да сум ги изневерила. Кога сме сами дома, а јас имам паничен напад, не можам така едноставно да излезам од дома и да побарам помош, бидејќи сум одговорна за нив. Затоа, единствено ми преостанува да чекам да ми помине“, додава оваа несреќна мајка.

Инаку, според истражувањето коа го спровеле „ChannelMum.com“, околу 85% од мајките, во одреден период на бременоста или првите месеци со бебето, доживуваат некаков вид на анксиозност или воопшто некакви проблеми со менталното здравје. Сепак, повеќе од половина од нив, тврдат дека лекарите не ги предурпедиле за тоа. На сето тоа, околу 23% од родителите признале дека имале паничен напад додека ги чуваат децата.
Што е паничен напад?
Тоа е еден вид на анксиозност и одговор на телото на опасност, стрес или возбуда. Често нема видливи предизвикувачи.
Симптомите можат да бидат следниве:
– Забрзано работење на срцето
– Вртоглавица
– Ненадејна топлина или ладно
– Болки во стомакот и/или во градите
– Мачнини
– Тресење на колена
– Потешкотии во дишењето
Многумина велат дека симптомите доста потсетуваат на инфаркт, а нападот обично трае помеѓу 5 и 20 минути. За тоа време, потребно е да се фокусирате на дишење и броење до пет, со вдиши-издиши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.