Пеле му се заблагодари и му го честиташе рекордот на Мбапе

Бразилската легенда, Пеле кој е во болница и се бори за својот живот, повторно се јави на социјалните мрежи, овојпат одговори на твит на Килијан Мбапе.

Мбапе го надмина рекордот на Пеле, Французинот стана фудбалерот со најмногу голови на Светските првенства пред 24 години. Мбапе со двата гола против Полска дојде до бројката од девет голови на Мундијалите, а Бразилецот имаше осум постигнати погодоци пред да наполни 24 години.

На 3 декември Мбапе имаше твит за Пеле: „Молете се за кралот“.

Денеска Пеле му одговори на Мбапе: „Ти благодарам Мбапе. Среќен сум да видам дека ти сруши уште еден мој рекорд на ова СП, пријателе“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.