Кошаркарите на Пелистер триумфираа против Академија ФМП со 81-67 и се вратија на второ место во лигата, додека Феникс беше подобар од Струмица со 85-71.
Битолскиот тим по првата четвртина имаше водство од 22-18, а до полувреме стигна до 38-28. Академија ФМП се обидуваше да ја намали негативата и тоа конечно им успеа во третата четвртина (54-62), меѓутоа Пелистер не дозволи пресврт и славеше со 81-67.
Карпентер со 16 поени беше најефикасен во екипата на Пелистер, додека Меквен постигна 20 поени за Академија ФМП.
Струмица немаше сила да го изненади Феникс, кој уште по воведните 10 минути стигна до предност од 30-11 и до крајот на дуелот постојано имаше стабилна предност.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.