Пендаровски за Инфомакс: Најостро го осудувам терористичкиот напад во Москва, искрено сочувство до фамилиите

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски за Инфомакс го осудува кукавичкиот терористички напад во Москва каде загинаа недолжни луѓе.

,,Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените” , вели Пендаровски.

Досега има најмалку 60 загинати и 145 повредени во кукавичкиот терористички напад кој вчера ја потресе Москва, Русија, но и целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: