Пентагон донесе одлука за Русија: Објавен е шокантниот план на американската армија – ова е клучната територија што ја освојуваат

Во новата одбранбена стратегија на Соединетите Американски Држави, Пентагон ја дефинираше Русија како трајна, но „управлива“ безбедносна закана за источното крило на НАТО, без да наведе конкретни причини или докази во поддршка на таквата проценка, се вели во документ од Министерството за одбрана на САД.

Во стратегијата се наведува дека Русија има „национална решителност“ да спроведува долгорочни борбени операции, како и дека има најголем нуклеарен арсенал во светот. Во исто време, документот не прецизира врз основа на кои параметри е направена проценката на степенот и природата на таа закана.

Клучни пораки од новата одбранбена стратегија на САД

Документот на Пентагон наведува неколку стратешки проценки поврзани со актуелните глобални безбедносни предизвици:

Гренланд е означен како клучна територија за интересите на Соединетите Американски Држави;

Се споменува крајот на конфликтот во Украина, но одговорноста за политичко и безбедносно решение се префрла на европските земји;

Сојузниците во НАТО, според Пентагон, ја надминуваат Русија во таканаречениот „скриен воен потенцијал“;

Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги модернизираат своите нуклеарни сили, со посебен акцент на политиката на одвраќање;

На Иран му се припишува можноста за развој на нуклеарно оружје;

Нуклеарните сили на Северна Кореја се означени како директна закана за Вашингтон.

Порака за „неизолација“ на земјите

И покрај острите проценки, Пентагон нагласува дека новата стратегија, според нив, не е насочена кон изолирање на поединечни држави, туку кон прилагодување на американската воена политика на современото безбедносно опкружување и зајакнување на глобалното одвраќање.

Документот претставува основа за понатамошно планирање на воената политика на САД и распределбата на ресурсите, но во исто време отвора прашања за критериумите врз основа на кои одредени земји се означени како закани, без детално објаснување или јавно достапни докази.
The post  Пентагон донесе одлука за Русија: Објавен е шокантниот план на американската армија – ова е клучната територија што ја освојуваат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: