Пентагон со податоци за серијата „блиски средби“ со НЛО во САД

Напливот на НЛО во 1960-тите веројатно бил предизвикан од тестовите на напредни американски шпионски авиони и вселенска технологија, се заклучува во извештајот на Пентагон.

Наодите, претставени денеска во извештајот до Конгресот, исто така велат дека „нема докази“ дека американската влада имала интеракција со вонземјани, објави Би-Би-Си.

Повеќето видувања на НЛО или „неидентификувани аномални феномени“ (УАП) биле обични предмети, велат официјалните лица.

Но, тие прифатија дека извештајот нема да ги смири популарните верувања за неземски гости.

Портпаролот на Пентагон рече дека официјалните лица пристапиле со отворен ум кон извештајот, но едноставно не пронашле докази за вонземски посетители.

Пронајдете не на следниве мрежи: