Перо Антиќ има плакар за патики кој е поголем од тој во продавница

Ако поголемиот дел од припадничките на понежниот пол сакаат да имаат што повеќе високи потпетици, кај мажите тоа најчесто се патиките.
Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ разбирливо е голем вљубеник во патики, а во својот дом ги има повеќе отколку што една продавница има залиха.
Перо е доста активен на својот Инсатграм профил, особено на „стори“, каде редовно ги снима неговите три сина.


Овој пат, оној што чепна во неговата слаба точка, плакарот со патики, беше постариот син Лука.
Тато Перо веднаш беше тука со предупредување до наследникот кој како да сакаше да си избере еден чифт од стотиците кои беа истурени во куп и се трудеше да ги среди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.