Перформансот „ОВА СУМ ЈАС? КОИ СМЕ НИЕ?“ во Театар на сенки и облаци






Ова сум јас? Во моментите на себеиспитување се наоѓам себеси стоејќи на
крстосницата на идентитет. Тоа е авантура која ме води длабоко под површината, под
етикетата и улогата која општеството ми ја доделува. Јас сум повеќе од месо и коски.
Повеќе од лузни и дамки кои ја красат мојата душа. Јас сум илузијата која се извишува
високо во бескрајното пространство на моите несигурности. Кои сме ние? Стоиме овде
борејќи се со нашите емоции и прашања. Ова се дел од прашањата што ги отвора
претставата „Ова сум јас? Кои сме ние?“, што претставува истражување
на телесната/движечка експресија, чија инспирација е македонското поетско
творештво.

Двајцата перформери – Енџи Николоска и Бојан Лазаров го истражуваа поставувањето
и изразувањето на телото во простор – индивидуално и заеднички преку танцово-
театарски методи. Преку себеистражување до пронаоѓање на нови начини на
комуникација и пренесување на јасна порака и емоција преку телото, односно
специфичен сценски јазик за дијалог со гледачот.

Премиерната изведба на „Ова сум јас? Кои сме ние?“ беше на 14.11.2023 година.
Перформансот произлезе од ДОПРИ програмата за резиденцијален престој во Театар
„Сенки и облаци”, поддржана од Министерството за култура на РСМ.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: