Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција сè додека не ги постигне сите цели, но е подготвена да го пренасочи процесот на дипломатско-политичко поле доколку се укаже можност, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател – Дмитриј Песков.
– Во овој момент ќе направиме сè за да обезбедиме Специјалната воена операција да продолжи сè до исполнување на сите поставени цели и задачи. И доколку има можност процесот да се префрли на политичко-дипломатско поле, тогаш тоа ќе биде направено, рече тој.
Според него, Европејците го провоцираат Киев на сите можни начини да го продолжат конфликтот.
– Нашата армија знае што прави. Сè е направено за да се обезбеди безбедноста на нашата земја и интересите на нашата земја, изјави Песков пред новинарите.
Според него, испораката на ракетите „Томахавк“ во Украина би можела да доведе до квалитативно ново ниво на ескалација.



