Песков: Руската мировна мисија се повлекува од Азербејџан

 Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, денеска го потврди повлекувањето на руската мировна мисија од азербејџанскиот регион Нагорно Карабах, пренесоа руските медиуми.Азербејџанскиот регион Нагорно-Карабах, каде што живеат повеќето Ерменци, со години е спорна територија, а Азербејџан минатата година ненадејно ја освои оваа енклава.На 1 јануари оваа година беше укината меѓународно непризнатата Република Нагорно-Карабах, по што илјадници Ерменци го напуштија овој регион.Во Женева се одржаа повеќе дипломатски разговори меѓу Баку и Ереван за конфликтот, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пред два дена изјави дека Русија била принудена да предложи преместување на мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан од Швајцарија во друга земја.Захарова ја критикуваше Швајцарија бидејќи, како што оцени, оваа држава го прекрши принципот на неутралност „со неодговорното однесување на отворено антирускиот пат“.

Пронајдете не на следниве мрежи: