сабота, 14 ноември 2026
Најново

Петер Маѓар гласаше во Будимпешта: Одлучуваме помеѓу Исток и Запад, корупција и чист јавен живот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, гласаше во 12-от округ на Будимпешта.

„Унгарија избира, во тек се судбоносни избори. Одлучуваме помеѓу Исток и Запад, пропаганда и искрен јавен говор, корупција и чист јавен живот, понатамошен пад и колапс на јавните услуги или враќање на европските фондови и рестартирање на унгарската економија. Избираме помеѓу егзистенцијална криза и пристоен живот“, рече Петер Маѓар по гласањето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој ги повика сите унгарски граѓани да го остварат своето право на глас и рече дека првите бројки за излезност се многу охрабрувачки – бројот на гласачи во првиот час ги сруши сите претходни рекорди, рече тој.

„Свесни сме дека во некои окрузи се подготвуваат обиди за изборна злоупотреба. Има најави за таканаречени операции со лажно знаме, влегување во избирачки места со симболи на движењето Тиса, со цел да се наруши изборниот процес, а подоцна да се оспорат резултатите. Ги повикувам сите да останат смирени, прибрани и да не наседнуваат на провокации. Доколку изборите се одржат мирно и законски, „Тиса“ и со тоа Унгарија ќе победат“, рече Унгарецот.

Поврзани вести