Петмина починати откако јаделе болнички сендвичи

Пет лица починаа во болници во Велика Британија како последица на листериоза, болест што ја предизвикува , за која се претпоставува дека се проширила преку болничката храна.
По ширењето на епидемијата на листериоза во неколку британски болници, Владата во Лондон нареди контрола на болничката храна.


Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека ќе преземе „радикално нов пристап“ во дистрибуцијата на храната што им се дава на пациентите во болниците.
Властите сметаат дека бактеријата листерија се наоѓала во салатите и сендвичите дистрибуирани од компанијата „Гуд Фуд Чеин“, која снабдува со храна десеттина болници во Велика Британија.
Покрај во „Гуд Фуд Чеин“, дополнителни контроли се наложени и во добавувачите со месо на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.