Петровски: ДУИ гледа дека Мицкоски е “пукнат за фотелја”, Уставот ќе се смени!

Начинот на кој треба да се смени Уставот и да се преговара со ЕУ е ист, но ставот на ВМРО-ДПМНЕ е различен, вели во гостување во Канал 5 телевизија Филип Петровски кој смета дека Закон за заштита на македонскиот идентитет е само начин да се прикаже пред јавноста дека нешто е сменето, а секој закон се менува со друг закон.

– Вадеа нотарски гаранции, ова беше национално предавство, како сега ако влезат во Владата веќе не е предавство, не пречат Бугарите во Устав? – вели Петровски кој смета дека ДУИ ќе “заврши работа” да излезе од Влада за ВМРО-ДПМНЕ да ги гласа уставните измени.

– Гледаат дека Мицкоски е пукнат за фотелја, за позиција, знаат дека мора некако така да го корумпираат и да му дадат сигурност, лажна сигурност за да ги гласа уставните измени. Кој гарантира дека по уставните измени нема да е соберат 61 пратеници кои ќе побараат гласање на недоверба на владата и во три дена расправа ќе го извадат од Влада? – вели Петровски кој смета дека Уставот ќе се смени во предвидениот рок.

Пронајдете не на следниве мрежи: