Петровски: Немаше да дозволам промена на името, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание!

Немаше да дозволам промена на име, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание, ќе донесев 100.000 луѓе пред Собрание, рече во Тешки муабети Филип Петровски.

Тој истакна дека доколку бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ немало да дозволи промена на името на државата.

Филип Петровски за протестите против промената на името во 2018:

Мицкоски излегуваше неколку пати, за да си создаде алиби, да ја издува енергијата на протестите во 2018. Со тоа што го направи задачата целосно си ја оствари. Го издува, го умори, го разочара членството, а сите болјари околу него ги одржа, задржа во исчекување на новата директорска позиција
Петровски: Немаше да дозволам промена на името, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание!

– Зошто не се откажат Србите во Косово, 23 години по војната со цело НАТО, која што ја загубија?

Може се поголема и посилна држава од нас, ама има работи од кои нема откажување. Од некои работи никогаш не смееш да се откажуваш ако сакаш да имаш држава.

Што се случи откако беше потпишан Преспанскиот договор, се случи ова со Бугарите. Зошто Бугарија претходно молчеше? Чекаа да видат каква способност за преживување имаме како нација и држава, откако станавме мивки, толку. Потоа беше отворен патот за понатамошно газење. Тоа нема крај.

Петровски: Немаше да дозволам промена на името, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание!

Мицкоски излегуваше неколку пати, за да си создаде алиби, да ја издува енергијата на протестите во 2018. Со тоа што го направи задачата целосно си ја оствари. Го издува, го умори, го разочара членството, а сите болјари околу него ги одржа, задржа во исчекување на новата директорска позиција, вели Петровски. И тој процес трае повеќе од 5 години пред наши очи. За бедна функција си ги задржа околу себе најнеспособните кои го импрегнираа цело членство а партијата ја направија целосно импотентна.

Подолу погледнете ја оваа емисија целосно:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.