четврток, 12 ноември 2026
Најново

Петровски: Џамбаски е циркузант, тешка маргина – Брисел и Вашингтон да си го решат проблемот со Бугарија, не со нас

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Џамбаски е циркузант, човекот е кловн, неговата партија нема ни да учествува на изборите, знаат дека не можат ништо да освојат, они се тешка маргина и најверојатно нема да влезат парламент, вели во денешното гостување во Само вистина Филип Петровски.

– Тие го злоупотребуваат сентиментот на мала група луѓе, мислам дека добро се постапува ден на државност да се честита, тоа можеа сите да го направат, ние можеме да бидеме подобри, не како нив. Ние немаме проблем, тие што имата нека го решаваат Брисел и Вашингтон, ако имала проблеми Бугарија требало да каже пред да влезе во ЕУ. Ние треба само на тоа да се повикуваме, кога влегоа рекоа дека немаат проблеми во односите со соседите, значи намело, ако има ситници нека си ги решаваат на друг начин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ние треба да бидеме културни да кажеме да си ги решат проблемите затоа што прават проблеми што може да предизвикаат проблеми во целиот регион. Нека ни го решава проблемот брисел и Вашингтон, затоа шт ние немаме проблем, таму нека ги викнат и нека решаваат, вели Петровски.