Пет видови овошје кои ја поддржуваат еластичноста, колагенот и младешката кожа

Негата на кожата не е само креми и третмани, она што го јадеме игра подеднакво важна улога во тоа како изгледаме и како старееме. Според експертот за кожа и нутриционист Крис Гибсон, одредени видови овошје можат значително да придонесат за одржување на младешкиот изглед благодарение на нивните високи нивоа на антиоксиданси, витамини и антиинфламаторни соединенија.„Постојат неколку видови овошје што навистина можат да помогнат во забавувањето на процесот на стареење“, вели Гибсон, додавајќи: „Ова е потврдено со научни студии, како и со моето долгогодишно искуство во работата со кожата.“ За SheFinds, Гибсон издвои неколку видови овошје што треба да ги јадеме почесто за да се грижиме за здравјето и изгледот на нашата кожа.БоровинкиБоровниците се првото овошје што Гибсон го посочува како силен сојузник на младешката кожа. „Тие се полни со витамин Ц и антоцијанини, кои се борат против оксидативниот стрес и воспалението – главните причини за стареење на кожата“, објаснува тој.КалинкаКалинката содржи моќни соединенија како пуникалагин и елагинска киселина. „Овие соединенија го намалуваат воспалението низ целото тело, вклучително и кожата“, додава Гибсон, што придонесува за поздрав и посвеж изглед.АвокадоБогато со здрави масти, витамини Е и Ц и антиоксиданси, авокадото е особено корисно за зрела и сува кожа. ,,Авокадото ја подобрува еластичноста и ѝ помага на кожата да ја задржи влагата, правејќи ја пополна и поцврста“, вели таа за SheFinds.ЈаболкаЈаболката не се прв избор кога станува збор за нега на кожата, но Гибсон ја нагласува нивната вредност: „Тие содржат влакна, витамини и моќниот антиоксиданс кверцетин, кој го поддржува здравјето на клетките на кожата и ја подобрува функцијата на кожата“.ЈагодиОсвен што се вкусни, јагодите се богати со витамин Ц и антиоксиданси кои го стимулираат производството на колаген. „Тие исто така помагаат во заштитата на кожата од оштетување од УВ зрачење“, додава Гибсон.

Пронајдете не на следниве мрежи: