Дипломатско-конзуларното претставништво на земјава во Солун информира дека досега вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција.
„Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Министерството посочува дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција и ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.
„Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001“, се додава во соопштението.
The post Пет македонски семејства побарале помош при евакуација пред пожарите во Грција appeared first on Provereno.



