Пет нови случаи на семејно насилство регистрира полицијата

Пет нови пријавени случаи за семејно насилство евидентира полицијата во последното деноноќие. Според Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице.

Приведен е 43-годишен битолчанец со иницијали Г.Б. затоа што физички ја нападнал својата мајка. Случајот е евидентиран вчера попладне.

Случај на семејно насилство вчера е евидентиран и во Куманово каде 65-годишна жена пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.

Физичко и психичко насилство од својот партнер пријавила и 56-годишна жена од струшко. Дента кога го пријавила случајот во полиција, била избркана од дома, а партнерот и ги зел клучевите од домот.

И во Скопје вчера се регистрирани два случаи на семејно насилство. Во едниот случај 59-годишна жена пријавила дека околу 13 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син, а во вториот случај 48-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа и нејзините деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: