Пет последици ако го исфрлите лебот од исхраната

Лебот повеќе не е пожелна намирница. Се поголем е бројот на луѓе кои во најразличните диети го исфрлаат лебот од исхраната со цел да го намалат вносот на јаглени хидрати. Но сепак, треба да бидете внимателни бидејќи токму јаглените хидрати се исклучително важни за правилно функционирање на нашиот организам.
Кога ќе го намалите внeсот на јаглени хидрати, прво што ќе забележите е дека повеќе не сте отечени, како и тоа дека сте олабеле. Сепак, тоа не значи дека сте се ослободиле од масните наслаги, туку значи дека сте се ослободиле од вишокот на течности, но во секој случај, тоа е забележително на вагата. Не давајте ова да ве заведе и посветете поголемо внимание на следните предупредувања:


Лош здив
Нашиот мозок се храни токму со јаглени хидрати за да може нормално да функционира, па ако ги нема во доволно количество во нашето тело, следат процеси кои на крајот предизвикуваат и лош здив, сува уста, замор, слабост и несоница. Со текот на времето ќе се навикнете, но експертите велат дека ова секако не е добро и дека никако не би требало сосема да го исклучите внeсот на јаглени хидрати.
Пореметено ниво на шеќер во крвта
Со исфрлањето на јаглените хидрати ќе дојде до големи осцилации во нивото на шеќер во крвта. Затоа, не е воопшто лошо да се јаде леб од цело зрно, тоа ќе направи баланс.
Недостаток на енергија
Целите зрна од житарки се одличен извор на железо, магнезиум и витамин Б кои се одлични извори на енергија. Ако му ги скратите на организмот, јасно е дека тој ќе работи многу послабо, а и нема да можете ниту редовно да вежбате.


Проблеми со варењето
Системот за варење нема добро да функционира ако сосема го отфрлите лебот, особено оној од цело зрно. Ќе се соочите и со проблеми со столицата, но и со компликациите од евентуалните хронични болести.
Нервоза
Јаглените хидрати се важни и за одржување на нивото на серотонинот, хормонот на среќа, така што со нивното исфрлање веројатно ќе станете раздразливи и нерасположени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.