Пет причини зошто треба секој ден да јадете по една банана

Бананата е извор на есенцијални витамини и минерали како што се витамините А и Б, калиум и магнезиум. Тоа значи дека се добри за крвниот притисок, ја регулираат телесната тежина, го подобруваат варењето и работата на срцето.
Често се користат и во индиската кујна. Може да направите смути, десерт, да ги јадете сирови или како чипс.
Ова се пет причини зошто треба да јадете банани:
Подобра работа на срцето
Бананата е богата со влакна, магнезиум и калиум кои можат да го подобрат здравјето на срцето како ниту една друга храна. Според истражувањето на Harvard School of Public Health, бананите го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Калиумот помага за регулирање на срцевите отчукувања, крвниот притисок и го одржува мозокот буден.
Слабеење
Бананите имаат многу малку калории што е одлична вест за оние коишто сакаат да ослабат. Банана со просечна големина има нешто повеќе од 90 калории и е богата со влакна што влијае на варењето и дава чувство на ситост.


Подобро варење
Бананите се богати со вода и влакна што е одлично за дигестивниот систем. Растителните влакна апсорбираат вода. Исто така помагаат во обновување на електролити како калиум кои често се губат поради дијареја или повраќање.
Помагаат за анемија
Бананите имаат висок процент на грозје и можат да помогнат за лечење на анемија. Бананите можат да поттикнат производство на хемоглобин во крвта. Витаминот Б6 го регулира нивото на глукоза во крвта што може да им помогне на луѓето со анемија.
Подобар сон
Бананите се богати со калиум кој ги опушта мускулите по напорниот ден. Витаминот Ц во бананите ја поддржува здравата функција на мозокот така што произведува серотонин, хормон кој влијае на циклусот на спиење и на расположението.
Содржат триптофан, аминокиселина која помага во одржување на помнењето и регулирање на расположението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.