Пет факти кои не сте ги знаеле за Долче и Габана

Италијанците Доменико Долче и Стефано Габана основале модна куќа во 1985-та година. Модните дизајнери се запознале кога Доменико дошол во студиото на Стефано.
Отвориле заедничка работилница и прво работеле под негово име, но брзо потоа ги здружиле силите и отвориле модна куќа „Долче и Габана“.
Еве неколку интересни факти за нив.
1. Тие се спонзори
Дизајнерите се официјални спонзори на италијанската фудбалска репрезентација од 2006-та година. Тие се задолжени за облеката, спортските патики и сета дополнителна опрема за членовите на фудбалската репрезентација.


2. Имаат посебен однос со Мадона
Долче и Габана ги креирале сите костими за турнејата „Girlie Show“ на Мадона, која била оддржана во 1993-та година. Потоа барале од неа да учествува во рекламната кампања во 2010-та година и таа прифатила.
3. Долче се интересирал за мода уште од својата 6-та година
Уште во раното детство, Долче ја сошил својата прва креација. Тоа биле панталони. Неговиот татко бил познат кројач, па постојано бил опкружен со машини за шиење и облека.

4. Тие ги фотографираат сите рекламни кампањи на брендот
Порано работеле со познати фотографи, но денес познатите модни дизајнери покренале иницијатива за ваков аспект на работа во брендот. Дизајнерите се занимаваат со создавање нови идеи, со избор на модели, локации и стил.
5. Имаат своја песнаВо 1996-та година, Долче и Габана издале сингл во кој е користена фразата „D&G is love“ во техно ритам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.