Пецаков пак фатен со рачињата во мед: Фирма за горна облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков потпишал набавка за вештачко цвеќе со фирма која е основана на 31 јануари годинава. Проверката на А1он покажа дека фирмата „АС-ЕС 2024“ која ја доби набавката, а чиј сопственик е извесен Ерол Сулејман има дејност „Производство на друга горна облека“.

Тендерот е распишан за набавка на вештачко цвеќе, најголемиот дел од набавката се концентрира на свежо цвеќе, иако за тоа има друга шифра. Фирмата била и единствениот понудувач, а според набавката, еден букет со 7 цвета ќе чини 1.150 денари, со 11 цвета 2.850 денари, додека пак со 15 цвета нешто поевтино, односно 1.340 денари.

Икебаната со 9 цвета ќе чини 1.800 денари, а со 15 цвета 2.340 денари. За 8 март пак, цвеќињата биле со најразлични суми – каранфилот чини 50 денари, а една ружа според договорот, 130 денари. За саксиско цвеќе ќе се плаќаат исто така различни цени – Охридеата ќе чини 1.000 денари, а Азалеата 700 денари парче.

Декорацијата за настани пак, ќе биде 30.000 денари парче за патрониот празник на градот. Изнајмување на икебана со вештачко цвеќе според тендерот, го чини градот 6.000 денари од парче. Сите цени од тендерот се без пресметан ДДВ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.