четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ СО СИРЕЊЕ И ЈАЈЦА: Секој залак е рај за непцето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ќе ви треба:

4 големи црвени месни пиперки200 г рендано сирење4 јајца50 г панчетапрстофат оригано или свежо сечкан магдонос за сервирање, по желба

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги пиперките, потоа исечете ги на половина по должина и отстранете ги семките. Треба да добиете 8 половини, готови за полнење. Во сад измешајте го ренданото сирење и јајцата, а потоа полека додадете сол и бибер во смесата. Добро измешајте со вилушка. Потоа наполнете ја секоја пиперка со смесата од јајца и сирење. Ставете неколку парчиња панчета одозгора. Наредете ги пиперките на плех обложен со хартија за печење. Печете 25 до 30 минути во рерна претходно загреана на 200 степени. На крај, наросете со свеж магдонос.