Пејачката Беквалац надвор од колосек по шокот во семејството: „Јас сум жена која се издигнува од пепелта, ќе го пребродам и ова“

Таткото на српската пејачка Наташа Беквалац и познатиот фудбалски тренер Драгољуб Беквалац (66) доживеал срцев удар поради што бил хоспитализиран во болница во Нови Сад.
За среќа удар не бил многу силен, а по девет дена престој во болница му биле вградени и два стента, по што неговото здравје започнало да се подобрува.
-Не коментирам работи од приватниот живот, особено за моето семејство, ниту за својот приватен живот, вели Наташа за српските медиуми.


Здравствената состојба на нејзиниот татко ја извадил од колосек пејачката и и ги пореметиле плановите и приоритетите, вели извор близок до пејачката.
-Велат дека сум жена која секогаш се издигнува од пепелта и продолжува понатаму, но сакам да не е така. Сакам да ми е подобро, но сепак туркам и имам насмевка на лицето, таква сум јас, вели Беквалац.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.