Пејачот Адријан Гаџа во бизнис води: Отвара ресторан во Скопје

Во подготовка е ново урбано место во градот и тоа по мерка и желба на пејачот Адријан Гаџа.
Пејачот кој повеќе го има на сцената во Албанија отколку во Македонија, реши да оди по стапките на татко му и да се проба во угостителските води. Отвара ресторан во Скопје, кос сеуште е во изградба, ама се очекува да биде еден од најубавите во главниот град.
Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал „Нота фест“.. Таму, тој ја освои првата награда, каде за прв пат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.


Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест. Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.
Toj ja претставуваше Македонија на Евровизија 2008, изведувајќи ја песната “Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песната не успеа да се пласира во финале, завршувајќи 10-та со 64 поени, но до ден денеска остана хит кој се врти по радио станиците.
Од 2008, Адријан се фокусира со пеење на албански јазик и албански пазар. Учествуваше на Kënga Magjike 2012, со Флоријан Беќири и на “Ngjyra e kuqe” (Црвена боја) и се пласира 10-ти. Песната беше голем хит на радио и на социјалните мрежи, особено на Јутјуб каде има над 8 милиони прегледи. После фестивалот, ја објави песната “Kjo zemër” (Ова срце), која стана исто популарна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.