Пино се срамеше да излегува со Ангела, вели неговата мајка Маја

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, во интервју за порталот “Магазин“ открила детали за односот помеѓу нејзиниот син и обвинетата Ангела Ѓорѓиевска и вели дека одмаздата е причина за убиството.
– Ова го има направено за да му се одмазди. Таа му пишуваше нон стоп. Пред да биде Пино убиен на 21 октомври, јас ги читав пораките. Ангела му рекла дека ќе има собир на коли, бидејќи Пино сакаше многу коли и го прашала дали ќе одат заедно. Тогаш Пино и одговорил на Ангела дека нема пари, но тоа тој го рече бидејќи му беше срам со неа да излегува.
Во разговорот за порталот мајката открива и што е тоа што ја прелило чашата и ја натерало Ангела да помисли на убиство.
– На 22 октомври на Пино му беше роденден, наполни 26 години. Тој славеше роденден дома овде, сите беа собрани кај нас. Ангела не беше поканета на роденденот. Вечерта на полноќ еден негов другар му се јави на телефон и му рече на мојот син „Се јави Ангела и ме праша за да ја однесеш некаде, требало да тепа една другарка„. Пино на тоа му одговори дека нема време. Тогаш Ангела збеснала и најверојатно тоа ја прели чашата и помисли на убиство, раскажува Трпковска за “Магазин.мк“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.