Ви треба:
8 црвени пиперки300 г фета сирење2 чешниња лук2 лажици маслиново маслосол, биберсвеж магдонос
Подготовка:
Измијте ги пиперките, преполовете ги и отстранете ги семките. Издробете го фета сирењето, додадете ситно сечкан лук, маслиново масло, сол и црн пипер и измешајте сè заедно. Наполнете ги пиперките со смесата од сирење. Наредете ги пиперките на плех обложен со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 25-30 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи:


