Писмо до мојот бивш: Ти благодарам за се!

Го пишувам ова за да се поврзам или да допрам до другите кои исто така прошле низ болката да изгубат некој кој толку многу им значел. На почетокот изгледа како да е крај на светот и дека болката никогаш нема да престане, но откога ќе престане, ќе сфатите дека себеоткривањето по завршување на врската е едно од најослободувачките искуства кои постојат!
Па затоа, сакам да ти се заблагодарам затоа што ми покажа кои карактеристики сакам да ги барам во идниот партнер. Се надевам дека ќе најдам друг маж кој ќе памети родендени, годишнини и сака да биде дел од општествените клишеа – како на пример да се потруди за свети Валентин. И некој кој ќе ги разбира чудните работи кај мене, како на пример фактот дека мразам цвеќиња. (Тие се мртви. Нешто што би можела да го засадам и израснам, тоа е веќе романтично. Но, да продолжиме.)
Фала ти што ме научи да не бидам толку наивна. Паметам дека верував на секој збор што ми го кажа. Глупаво верував дека не би криел работи од жената со која би требало да ги делиш сите работи. После тебе научив да се сомневам во се и со тоа да откривам уште повеќе вистини. Сега, ако верувам некому, тоа е затоа што навистина го заслужил тоа. Повеќе не ја давам својата доверба толку слободно.
Фала ти што ме натера да сфатам дека љубовта не е совршена. Како и сите жени, уште од мала некако си ја создадов сликата за принцот на бел коњ. Вистинските луѓе имаат лоши денови, кенкави денови и денови кога се однесуваат како идиоти. Вистинските парови се расправаат и имаат сметки за плаќање. Вистинските парови треба да се справуваат со роднините на другиот и куќните обврски и купувањето продукти за дома. Пепелашка и нејзиниот принц никогаш не морале да се замараат со такви работи. Затоа, ти благодарам што ме научи дека очекувањата за принц на бел коњ се едноставно нереални.
Фала ти што ме гледаше како да треба да одам во лудница секој пак кога танцував во кујната. Ме научи дека ми треба маж кој може да се опушти и да биде чуден заедно со мене. Ми треба маж кој ја сака ова страна од мене и може да ја надополнува.
Фала ти што ме научи дека сигурниот избор не е секогаш најдобриот избор. Јас сакам да преземам ризици и се хранам од нови искуства. Ти беше сосема спротивното и наместо јас да те изнесам од твојот оклоп, ти ме стави во мојот. Сите тие викенди кога лежев на каучот гледајќи телевизија, наместо да искусувам авантури. Сите тие вечери во истите ресторани, затоа што ти не сакаш да пробаш ништо ново. Сета таа монотонија стана мојот живот. Ми треба некој кој ќе ја надополнува таа моја внатрешна дивина и ќе сака да оди на патување испланирано во 5 за 12 само затоа ни се може.
Некој кој босоног со мене ќе трча во темнината и не се плаши од тоа да се бања во езерото гол. Некој кој ми помогне да ги исполнам сите мои желби на мојата листа пред да умрам. Некој кој нема да ме гледа како да сум луда и кој на моите луди идеи ќе одговара со: „АЈДЕ!“ наместо со „Што не е во ред со тебе?“.
Фала ти што ми покажа што заслужувам. Во нашиот брак, никогаш не бев третирана како да сум доволна. Не можев да ти го задржам вниманието на мобилен. На моменти бев третирана како да сум напаст и научив дека тоа не го заслужувам. Заслужувам маж кој ќе ги слуша моите луди идеи и соништа и ќе сонува заедно со мене.
Фала ти што ме научи колку многу мразам тајни. Една врска не може да биде изградена од полувистини и никогаш повеќе нема да ги прифатам.
Фала ти што ме научи да си ја следам интуицијата. Толку многу пати мојата интуиција ме водеше кон вистинскиот пат. Ми помогна да откријам лаги и тајни и на крај ме натера да си заминам. Ти би нареко луда, но на крајот, мојата интуиција никогаш не ме изневерила.
И на крај, фала ти што ме научи да сфатам за што се залагам и што ме натера да се заљубам во себеси. Затоа што по речиси 4 години врска, научив дека повеќе не ни знам која сум. Пробував да станам нешто што не сум. Јас не сум тип на жена што ќе седи секој викенд дома и ќе биде стегната, секогаш следејќи ги правилата. Јас не сум тип на жена која секогаш носи градник или е секогаш точна. Јас не сум тип на жена која внимава што ќе каже.
Фала ти што ме натера да сфатам дека сите работи кои ти ги мразеше кај мене, ќе бидат обожавани од некој друг. Но, уште поважно, работите кои ти ги мразеше кај мене, се работите кои најмногу си ги сакам кај себе. Не сум традиционална и го сакам тоа.
Ова е посветено на сите лекции кои ги научив додека бев со тебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.