Писмо до човекот кој ќе го сакам секогаш

Некој ме праша дали те имам заборавено. Само се насмевнав. Од време на време го имам тоа чувство на стегање во грлото и секогаш знам дека си ти. Идејата да сакам некој друг ми е некако невозможна и моето срце живее со мислата дека никој нема да сакам како што те сакав тебе. Колку и да сакам да речам дека те имам преболено, тоа не е вистина. Едноставно не можам.
Мислам дека кога и да се појавиш на мојот пат, јас секогаш ќе те сакам. Секогаш ќе се грижам за тебе.
Голем дел од луѓето не можат да го разберат тоа како можеш да бидеш заглавен во некоја мината љубов. Како можеш сè уште да мислиш на личност која продолжила со својот живот. Продолжувањето, за мене е прифаќање на тоа што се случило, но јас засега не го можам тоа. Не верувам дека некој може да продолжи без одредена личност ако таа му значела цел свет. Може да живее без неа, но постојано ќе се потсетува и прашува како ќе беше ако работите излезеа поинакви.
Поминаа 2 години. Цели 2 години. Но, јас сè уште ја паметам среќата која ја чувствував кога бев со тебе. Сакам само да ти кажам дека ми недостасуваш. Ми недостасуваат тие длабоки очи кои ме гледаа со љубов, како ниедни други досега. Ми недостасува твојот глас, кој ми го разубавуваше денот. Ми недостасуваат моментите кога ќе погледневме еден кон друг и ќе се насмевнеме без причина. Ми недостасуваат сите среќни моменти со тебе.
Ако некогаш се вратиш и јас бидам со друга личност, сакам да знаеш дека ми требаше премногу храброст за тоа. Ми требаше храброст да го отворам своето срце за друга личност.
Знам дека ќе сакам друга личност, повторно. Но, не знам како ќе биде тоа. Не верувам во судбина, но посакав ти да си мојата судбина.
Но, можеби е време да се разбудам. Можеби е време да соберам сила и да се насмевнам повторно. И време е да престанам да те очекувам.
Но, дотогаш, ќе ми недостасуваш.
***
Имам многу убави и поучни љубовни приказни за вас ТУКА, можете да си читкате. Додавам нови приказни секој ден. Бидете со мене – ЛЕОНАРДО

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.