Пишаните документи бледеат и пожолтуваат, ама никогаш не исчезнуваат сите до еден

Според Крaсимир Каракачанов, историчар по професија “Бугарија не била окупатор на Македонија, туку ослободител“.
Ама, ја знаете онаа народната- ако козата лаже рогот не лаже. Па така, според документ издаден од бугарската Влада кој го објавуваат членови на Еврејската заедница, Бугарија и формално дала наредба за окупација, а не за ослободување на Македонија.
Она што сега го негира претседателот на ВМРО-БНД, министер и историчар Каракачанов, во  документот со кој се даваат инструкции на бугарската армија прецизно е наведена фразата “Окупирање на Македонија”. И покрај тоа што се уште има многумина живи сведоци кои паметат и раскажуваат, но никој не ги слуша – тоа е тоа, овде се се гледа и се чита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.