Пијаните возачи ги казнува со работа во мртовечница- еве за која земја се работи

Според последните податоци на Светската здравствена организација, во Молдавија луѓето над 15-годишна возраст пијат во просек 15,2 литра чист алкохол по глава на жител секоја година. Тоа е еднакво на околу 167 шишиња вино.
Секоја четврта смрт во оваа земја е поврзана со алкохол, додека светскиот просек во таа смисла е една од дваесет.
Молдавците живеат во просек 68, а Молдавките- 75 години. Европскиот просек е 79 и 84 години, соодветно.


За молдавските власти, проблем се и пијаните возачи. Поради тоа, воведена е и нова мерка… Пијан возач фатен зад воланот, за да не остане без возачка дозвола, ќе мора да одработи 12 дена во болница и во мртовечница. Програмата трае три месеци и казнетите помагаат во третманот на повредени и жртви од сообраќајни несреќи.
– Сè тоа има одличен психолошки ефект врз личноста. Самата мртовечница е многу одбивна со сè што ги чека учесниците таму, изјави Валери Савчиук, директорка на Центарот за судска медицина.
Шестмина мажи веќе минале низ тој казнен режим…
– Ова искуство ме натера никогаш повеќе да не седнам пијан на воланот. Ова беше добра лекција. Мислам дека смрдеата на човечкото тело што се распаѓа ќе ми остане во ноздрите засекогаш, рече потоа еден од учесниците во програмата.
Според ова, познавачите сметаат дека засега резултатите се задоволителни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.