Пијан Хрват со 3,20 промили алкохол возел цик- цак по автопат во Италија

Шеесет и тригодишен возач на камион од Хрватска возел со 3,20 промили алкохол во крвта во Италија, а сообраќајната полиција го следела неколку стотини километри за да го запре. Хрватот возел цик- цак, а по влез во тунел се “изгребал“ од ѕидот, по што му пукнала гума. Во тој момент на излезот од тунелот полицијата успеала да го запре, а возачот изјавил “испив само малку на паузата за ручек“. Несовесниот возач е испратен во полициска станица на трезнење, а му се заканува и голема парична казна. Возачката дозвола му е одземена на лице место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.