К. Г (57) во пожарот во Итон останал без куќата и се што поседувал. Тој го купи својот имот во Алтадена во 1996 година за 163.000 долари и во текот на годините инвестираше стотици илјади во реновирање . Иако има осигурување, трошоците за обнова се огромни, па ќе мора да го одложи пензионирањето за да ја покрие штетата.Работел додека му горел домот.Како началник на шумската служба во Пасадена, Г беше на работа таа ноќ, координирајќи го отстранувањето на соборените дрвја по силната бура. Додека бил на терен, добил повик дека куќата му гори. Пожарот ги зафатил и соседните згради, а кога пристигнал на местото на настанот сфатил дека се е уништено.Сè е изгубено – освен надежта.Пожарот го уништи семејниот мебел, фотографии, семејни спомени и пепелта на неговиот татко. Изгореа и неколку негови олдтајмери. Штетата надминува 1 милион долари, а осигурувањето не ги покрива сите загуби.Греам и неговото семејство сега привремено престојуваат во изнајмени станови додека се обидуваат да најдат долгорочно решение. Пазарот на недвижности е прескап, а процесот на враќање во нормален живот изгледа далеку.Сепак, откажувањето не е опција. Греам планира да ја реновира куќата и да остане во Алтадена, каде што го помина најголемиот дел од својот живот. „Сè се смени за еден ден“, вели тој, „но јас сум борец и ќе го обновам мојот дом“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



