Платини, ВИП гостин на мечот Македонија-Белгија

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платни, ќе го следи во живо квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија, кој на 22.март ќе се одигра во Скопје.

Платини во Скопје ќе пристигне со четиричлена делегација на УЕФА, меѓу кои ќе биде и потпретседателот на европската куќа на фудбалот. Инаку, претседателот на УЕФА по натпреварот ќе остане во македонската престолнина, за следниот ден (сабота 23.март) да присуствува на свеченото отворање на новиот дом на Фудбалската федерација на Македонија, во населбата Аеродром.
Макфакс
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платни, ќе го следи во живо квалифик

Пронајдете не на следниве мрежи: