Во Македонија терминот „пратеник“ асоцира на патни трошоци, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да објасни зошто пратениците трошат големи суми за патни трошоци.
- Шасивари: Силна соработка со Косово за унапредено и поефикасно правосудство
- Колку чекори ви се потребни на ден за да ослабете?
- СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не се шират шпекулации и паника за Поштенска штедилница, институциите да ги заштитат граѓаните
- Три хороскопски знаци очекуваат добри вести до крајот на ноември
- Google им плаќа на вработените сами да си одат: Нуди отпремнина во уште пет земји, поштедени се тимовите со вештачка интелигенција

Според истражувањата, пратениците од внатрешноста во изминатите месеци наплатиле стотици илјади евра за парни трошоци, а имало и такви кои добиле по 9.000 евра, иако имаат станови во Скопје. За ова во линкот подолу ⬇⬇⬇
Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилегирана, рече Лефков…
Тој објасни дека за една година пратениците потрошиле 360.000 евра за патни трошоци, а за еден мандат Собранието ќе потроши од 1,3 до 1,4 милиони евра за оваа намена, притоа додавајќи дека со дебатата се бара поефективно решение од актуелното.
– Со јавната дебата можеме да смениме нешто може да не чини два до три пати повеќе или сите пратеници да бидат во Скопје, па поради тоа друго решение нема. Поентата ми е дека парите за патни трошоци завршуваат на бензинските, по сервисите и за амортизација на возилото. Неблагодарно е кога ќе кажат дека пратениците „лапнале“ или „зеле“, исто како што велат за платите дека изнесуваат 115.000 денари, но тие веќе извесно време се замрзнати на 60.000 денари – рече Лефков.
Пронајдете не на следниве мрежи:


