Кога Лили Филипс се појави пред камерите, нејзините родители не можеа да ја сокријат својата болка. Линдзи и Ема не слушнале за OnlyFans за прв пат, но дури сега виделе колку длабоко нивната ќерка зачекорила во свет кој им бил туѓ и застрашувачки.„Мислев дека е само позирање во бикини и долна облека“, призна таткото, додека мајката додаде: „Кога првпат почна, не сакавме да ја фрлиме, бидејќи сакавме да ја задржиме врската со нашата ќерка. Но, кога отиде чекор понатаму, тогаш рековме „не, не“.“Во својата беспомошност, Линдзи го кажа она што сите го паметеа: „Ако има нешто што можеме да направиме за да ја промениме кариерата, ќе го направиме тоа преку ноќ. Ако парите се проблемот – ќе ја продадеме куќата. Само престани, Лили.“Лили тивко ја напушти собата, слушајќи ги своите мисли: „Не сакам да бидам пред камера, ми треба еден момент.“Луксуз и изборЛили не пораснала во свет на сиромаштија. Нејзиното семејство е богато, нејзиниот татко е успешен бизнисмен, а нејзиното детство е обележано со луксуз – приватни училишта, егзотични патувања, автомобили што го одразуваат начинот на живот на привилегираните.Но, во тој луксуз се роди нејзината потреба за сопствена слобода и финансиска независност. Додека студираше нутриционизам во Шефилд, за време на пандемијата, таа одлучи да отвори профил на OnlyFans. „Веќе се забавував со момци без да бидам платена, па си помислив зошто да не наплаќам за тоа?“, призна таа.Денес, со повеќе од 36.000 претплатници и месечна заработка поголема од 300.000 фунти, Лили инвестира во недвижности и гради портфолио кое зборува за нејзината способност да преземе контрола врз сопствениот живот, дури и во свет кој често ја осудува.Рекорди, слобода и границиНајголемо внимание предизвика нејзиното тврдење дека била со 100 мажи во еден ден, а планира да постави рекорд со 1.000. Шокантно за многумина, но за Лили тоа е израз на лична слобода. „Не можам да замислам што друго би направила. Ова ми дава смисла и причина да станам наутро. Не го гледам тоа како нешто понижувачко“, рече таа.Во светот на финансискиот успех, постои и секојдневен притисок. „Луѓето им се јавуваат на моите родители и ми посакуваат смрт. Ужасно е“, открива таа, но во исто време се чувствува силна во сопствената одлука: „Имам 23 години, плаќам за мојот стан, заработувам добри пари и сум горда на тоа“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



