Плусинфо: Центар Жупа светски рекордер во гласање во „фото финишот“

Се подзамислија и во левичарскиот провладин кампус за бројките во кутиите на одредени места. Еве го целиот текст: На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот на 30 септември, гласале 331 гласач или по еден на секои 5,4 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи или по еден на секои 20 секунди. На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласаче 199 избирачи или по еден на секои 9 секунди. Сега, кога страстите после гласањето се смирени, би било добро организаторот на референдумот да објасни како е можно да се гласа со ваква брзина. Зашто, противниците на референдумот вака докажуваат дека во гласачките кутии се уфрлени околу 50.000 гласачки ливчиња. Ова прашање сепак заслужува одговор. И тоа – сериозен.
Се сложуваме. Доста беше полнење кутии. Доста беше дивеење за време на избори и кампањи. Доста беше давање на сила на мафијаши кои по полнењето на кутиите ги задолжуваат политичарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.