Плус сајз манекенката откри: “Се дрогирав и спиев со погрешни мажи”

Плус сајз моделот Ешли Грахам неодамна направи интервју за магазинот “Harper’s Bazzar”, каде откри повеќе интимни детали за својот живот. Имено, раскажа како било да се биде Ешли на 17 години.
Познатата манекенка Ешли Грахам признала дека многумина ја доживуваат како ангел, но дека таа била вистинска бунтовничка кога на 17 години се пресели во Њујорк и ја започна манекенската кариера.


Плус сајз манекенката денес е благодарна на својата мајка бидејќи ја вратила на вистинскиот пат и дека и покрај проблемите кои ги правела, ја охрабрила да не се откажува од своите соништа.
“Употребував дрога, имав секс со погрешни мажи, јадев нездрава храна, не вежбав и не се грижев за своето тело”, вели Грахам во интервјуто за “Harper’s Bazzar”.

If you need me, I’ll be in Europe✌?

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on


Ешли додала дека сето тоа предивикало да се здебели со 11 килограми вишок, поради што многу агенти ѝ рекле дека нејзината кариера е завршена.
“Тогаш им се јавив на мајка ми и татко ми и им реков: “Се враќам дома. Повеќе нема да се занимавам со ова”. Мајка ми потоа кажа нешто што гледано од овој момент звучи како да е пророчки: “Ти можеш. Твоето тело еден ден ќе промени нечиј живот”, раскажа Ешли.

Inside @voguearabia

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on


Една од најбараните манекенки ширум светот е инспиративна дама која ги охрабри жените ширум светот да ги прифатат своите облини и тело, занемарувајќи ја стандардната убавина која со години претходно ја наметнуваше модната индустрија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.