„Плaчев и врескав“: Милица Павловиќ не сакала ни да слушне за прекарот кој Саша Поповиќ и го предложил

Денес Милица Павловиќ е една од најпопуларните, но и најзгодни пејачки на сцената, а кариерата ја започна во натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“, а на сцената е веќе десет години.
Иако сите ја знаеме по име и презиме, малку е познато дека на почетокот на нејзината кариера во „Звездите на Гранд“ добила интересен предлог за уметничко име.
Како што откри, Саша Поповиќ предложил уметничко име, за кое Милица не сакала ниту да слушне.
– Кога го потпишав договорот со Гранд, Саша Поповиќ ми рече: Милица Павловиќ, тоа малку ми изгледа досадно, зошто да не бидеш Милица Павловиќ-Мими. И ние одиме на подготовките за Ѕвездите на Гранд и почнувам да плачам и да врескам како јас да бидам Мими и си викам утре ќе одам и на Поповиќ ќе му кажам ќе останам здодевната Милица Павловиќ , рече пејачката во шоуто Шок Ток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.