четврток, 12 ноември 2026
Најново

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.

CategoriesСоопштенија
Односи со Јавноста
Соопштенија
Настани
Најави
Интервјуа
Фото
Видео
Огласи
Поставете Новинарски Прашања
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВА НА КРИВИЧНО ДЕЛО КОРИСНИ ЛИНКОВИ ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ВЕБ СТРАНИЦА ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ КОЛАЧИЊА ВЕБ СТРАНА
© 2025 ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА • Built with GeneratePress

Поврзани вести