Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар надмина 1.002 , а повредени се повеќе од 2.376 лица, соопшти тамошната војска.Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките екипи се уште се обидуваат да најдат преживеани во Мјанмар и Тајланд, јави Ксинхуа.Земјотресот го погоди Мјанмар вчера околу 12.50 часот по локално време, а епицентарот се наоѓа на околу 16 километри од Мандалај, вториот по големина град во земјата.Уништени се згради во неколку градови и села, вклучително и железнички и патен мост на автопатот Јангон-Мандалај.Имаше и силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.Војската на Мјанмар објави соопштение во кое најави брза истрага и итно помош за погодените области.Спасувачките операции се отежнати поради оштетената инфраструктура и тешко пристапните региони, објави АП.Земјотресот го погоди и соседен Тајланд, каде загинаа осум лица, 26 се повредени, а 79 се водат како исчезнати.Исто така, поддршка во спасувачките операции обезбедуваат и меѓународни тимови.Кина испрати тим за помош, а Русија и САД понудија и хуманитарна помош.Како што јави Sky News, кинескиот претседател Си Џинпинг телефонски разговарал со лидерот на мјанмарската хунта Мин Аунг Хлаинг и изразил сочувство.
Пронајдете не на следниве мрежи: