Повеќе од 50 затвореници побегнаа од затвор во Индонезија, а видеото од надзорните камери ги покажува како скокаат огради, трчаат по главниот пат во близина на затворските порти и се качуваат на покривот.Бегството од затворот Кутачане во југоисточна Индонезија се случило во понеделникот, кога затворениците чекале ред за храна во мензата, пренесува Метро.Иако обезбедувањето веднаш реагираше и се обиде да ги спречи затворениците да избегаат, тие ги пробија одбранбените линии и дури 32 избегаа, а 21 лице беа вратени во затвор.– Сè уште активно трагаме по преостанатите бегалци и ги повикуваме да се предадат. Подобро е да се предадaт отколку да се соочат со построги казни”, рече началникот на полицијата Дони Сумарсоно.Се сомнева дека пренатрупаноста довела до успешно бегство, со оглед на тоа што затворот Кутачане бил дизајниран да собира 100 луѓе, но во тоа време имало 350.Патем, бројот на затвореници во затворот значително се зголеми во последниве години и пренаселеноста може да достигне 133 проценти, според извештајот во септември 2024 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.