Поврзување низ слоеви и афекти

Во сабота на 1 јуни во 13 часот во Музеј на Современа уметност, „Прво па женско“ организира целодневна интердисциплинарна програма насловена како „Поврзување низ слоеви и афекти“.

Програмата започнува во 13:00 часот со Градска пешачка тура – Мапирање на женското културно наследство „Нашиот пат„ со Ивана Драгшиќ како водич.

Во исто време ќе се случува и работилницата за деца „Изразување солидарни мисли и чувства преку уметност“. Координатор на работилницата е Доротеј Нешовски.

Во 14:00 часто ќе има панел дискусија Радикална солидарност: поврзување низ слоеви и афекти, на која учесници се: Јован Близнаковски, Јелена Вишњиќ, Марија Вулетиќ, Матеј Тројачанец, Лилјана Јоноски и Ана Блажева, а модераторка е Вики Младенова.

Во 15:30 часот HANJA претставува Банкет во црвено и во 16:30 Stella Network ќе го модерира настанот Сподели Авторка.

Во 17:00 часот е промоцијата на публикацијата Години Будни, рефлексии за првите 10 години на Прво па женско Фестивалот за феминистичка култура и акција. Уредничка е Марија Христова, а промоторка Калиа Димитрова

KOALA VOICE (SI), ДИНА ЈАШАРИ и ХАНА КОРНЕТИ ќе имаат концерт од 18:00 часот по што диџеј сет ќе има IMAN.

Како дел од придружната програма е Диџеј сетот на Iris од 15:30 – 17:30 и штандот за собирање донации за погодените од окупацијата на Палестина и геноцидот во Газа

Програмата е поддржана од Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: