Повторно се тресеше: Се влошува здравствена состојба на Ангела Меркел?!

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро и трепереше.
Ова е третпат како се случува истата сцена, првпат на 18 јуни за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа на 27 јуни додека стоеше покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер при церемонијата за назначување нов министер за правда.
Германската канцеларка крајот на минатиот месец, на самитот на Г-20 во јапонскиот град Осака, рече дека се чувствува добро и дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба, бидејќи за две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење.
Таа тогаш додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.