Повторно силен земјотрес во Еквадор

Сеуште видно вознемирени од земјотресот од минатиот викенд во кој загинаа 500 луѓе, граѓаните на Еквадор денес ги стресе нов земјотрес. Пацифичкиот центар за предупредување од појава на цунами, официјално објави, дека два земјотреса со јачина од над 6 степени по Рихтеровата скала и денес по околу 30 секунди тресеа на 70 км западно од  градот Есмералда.

Иако информации за предизвикани штети, и можни повредени или загинати сеуште нема, испаничените граѓани повторно истрчале на улиците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.